Дома Твој готвач Ова е најздравиот леб, а не ви треба брашно или квасец: Лесно...

Ова е најздравиот леб, а не ви треба брашно или квасец: Лесно се прави, а останува свеж со денови

2240
0

Ова е најздравиот леб, а не ви треба брашно или квасец: Лесно се прави, а останува свеж со денови

Направете здрав протеински леб лесно и брзо

Леб без адитиви и квасец може да се најде во некои пекари и продавници, но е многу поскап од обичниот леб. Доколку сакате да се храните поздраво и да правите леб за вашето семејство без бело брашно и јајца, ви донесуваме докажан рецепт за протеински леб.

За да го подготвите, ќе ви требаат лушпи од псилиум – растителни влакна добиени од семето на индиската ајдучка трева. Со оглед на тоа што добро ја впиваат течноста и брзо го зголемуваат својот волумен, даваат чувство на ситост, а се почесто се користат и при подготовка на тесто без квасец.

Можете да ги набавите во продавниците за здрава храна и цената е многу прифатлива. Тие се исклучително здрави и благотворно делуваат на дигестивниот систем.

Покрај тоа што овој леб е исклучително здрав, брзо се подготвува и веднаш можете да направите двојна мерка, бидејќи колку подолго стои толку е поубав.

Состојки:

150 гр овесна каша

100 гр ленено семе

100 гр семки од сончоглед

100 гр семки од тиква

2 лажици сусам

2 супени лажици псилиум

100 мл кисела вода

2 лажици масло

кесичка прашок за пециво

прстофат сол

Подготовка:

Истурете го псилиумот во сад, покријте го со кисела вода и оставете го да отстои половина час. За тоа време, сомелете ги семките од лен, семките од тиква и семките од сончоглед во мелница за кафе.

Направете го истото со овесната каша. Оставете малку семки на страна за да го украсите лебот. Истурете ги мелените семиња во сад со отечен псилиум, додадете прашок за пециво и две лажици масло, па сè енергично измешајте со блендер.

Покријте го плехот со хартија за печење, истурете ја смесата за леб, одозгора ставете ги преостанатите семки и сусам, па печете на 200 степени додека лебот не се одвои од хартијата во плехот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име