Празниците се идеално време за изразување на вашата креативност.
Најдовме рецепт за крцкави елки од лиснато тесто. Брзо и лесно се прават, а убаво изгледаат, на пример, на масата за појадок. Потребни ви се само 4 состојки и ветуваме дека ќе ги сака целото семејство.
Состојки:
2 кори лиснато тесто
4-5 лажици Нутела
1 жолчка од јајце
1 лажица растително млеко
Шеќер во прав
Начин на подготовка:
Расукајте го лиснатото тесто. Исечете тенка лента со иста големина од пократката страна на двата слоја. Еден слој лиснато тесто премачкајте го рамномерно со Нутела, а потоа ставете уште еден слој лиснато тесто врз него. Добиениот сендвич од лиснато тесто виткајте го уште малку со сукало.
На долгата страна исечете ленти широки околу 2 см. Секоја лента обликувајте ја во новогодишна елка како што е прикажано на видеото и провијте ја на дрвен стап. Исечете мали ѕвездички од преостанатите две ленти лиснато тесто.
На садот за печење ставете елки и ѕвездички. Изматете ја жолчката со растително млеко и премачкајте ја врз лиснатото тесто. По желба, лиснатото тесто пред печење посипете го со шеќер од трска.
Се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени 20 минути.
Совет: Ѕвездите ќе поруменат порано, извадете ги од рерна по околу 10 минути. По печењето, на елките ставете ги ѕвездите, посипете со шеќер во прав и послужете.
https://www.youtube.com/shorts/PyQ0DC6T3KU