Дома Живот Ова е ДИЕТАТА на Мадона: Ги топи мастите и го забрзува метаболизмот,...

Ова е ДИЕТАТА на Мадона: Ги топи мастите и го забрзува метаболизмот, поради тоа изгледа одлично и во 7-мата ДЕЦЕНИА

1120
0

Ова е ДИЕТАТА на Мадона: Ги топи мастите и го забрзува метаболизмот, поради тоа изгледа одлично и во 7-мата ДЕЦЕНИА

Јаде евтини оброци и следи строго правило.

Музичката икона Мадона влезе во седмата деценија, а многумина се уште и завидуваат на нејзината беспрекорна фигура и младешки изглед.

Вистина е дека пејачката многу вежба за нејзините настапи да изгледаат спектакуларно, но за нејзината витка линија е заслужна посебна диета.

Диетата на Мадона е направена специјално за пејачката, а ја составил нејзиниот личен тренер и нутриционист.

Исхраната на Мадона е здрава исхрана и безбеден начин за слабеење. Сепак, тоа не е инстант диета и не е можен успех преку ноќ.

Неопходно е долгорочно да се придржува оваа диета, да се ослабне здраво и без јо-јо ефектот.

Основата на ваквиот начин на исхрана е правилниот внес на хранливи материи, поточно 30:30:40, што го претставува односот на мастите, јаглехидратите и протеините кои ги внесувате во организмот во текот на денот.

Друго правило е да се изберат сложени јаглехидрати, како што се зеленчук, овошје и цели зрна, како и здрави масти.

Во исхраната на Мадона, кофеинот е целосно изоставен, а внесувањето најмалку два литра вода е задолжително.

Пример за диетално мени на Мадона

Појадок: тост со две белки и едно јајце; јаболко, портокал или круша

Ручек: пилешки или мисиркини гради во сендвич со леб од цело зрно и малку мајонез.

Вечера: Парче риба или пилешко бело месо, многу зеленчук, мала порција тестенини од цело зрно или половина мал печен компир.

Што се однесува до тренингот, потребно е да се одвои еден час за активен тренинг најмалку три пати неделно, кој вклучува половина час кардио вежби, вежби за сила и обликување и вклучува истегнување.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име