Дома Нега и убавина Ова е грешка што сите ја правиме додека се чешламе

Ова е грешка што сите ја правиме додека се чешламе

876
0

Чешлањето е секојдневен ритуал кој го правиме автоматски, но можеме да направиме повеќе штета отколку корист.

Чешлањето на косата е наједноставната работа на светот што ја правиме уште од мали нозе, нели? Да, но начинот на кој го правиме тоа може да биде причина за испукана и уништена коса. Едноставните движења и влечењето на четката низ влакната не мора да водат до посакуваниот мазен резултат без заплеткување.

Совети како чешлање од коренот на косата до врвовите или чешлање само кога косата е мокра се многу важни, особено за луѓето кои имаат кадрава коса. Но, мазната и права коса подеднакво често се заплеткува, а агресивното четкање доведува до кршење.

Сепак, постои уште еден начин на кој можеме да ја четкаме за да го подобриме квалитетот и состојбата на нашата коса, а тоа го откри њујоршкиот фризер Мет Њуман на својот Инстаграм профил. Њуман советува наместо хоризонтално да ја четкате држејќи ја четката вертикално, а потоа отплеткајте ја косата со чешлање. Тој објаснува дека повеќето влакна во четките за коса имаат прави редови кога се гледаат вертикално, додека наредени во форма на цик-цак кога се гледаат хоризонтално.

Тоа би значело дека ако ја чешлате косата држејќи ја четката вертикално, поединечни прамени се лизгаат низ четката, но со хоризонталната има непотребни јазли и отпор. Резултатот е коса без заплеткани прамени и без незгодно кубење! Брилијантно едноставно, нели?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име