Дома Живот Оваа храна е добра за мозокот…

Оваа храна е добра за мозокот…

985
0

Со години се зборува за т.н суперхрана . Станува збор за намирници кои се исклучително добри за човечкиот организам, поради што е пожелно да ги користиме што повеќе во исхраната. За нив редовно се зборува на интернет, а особено често ги споменуваат инфлуенсерите. Иако луѓето понекогаш претеруваат кога им припишуваат речиси магични моќи, повеќето нутриционисти се согласуваат дека дадената храна е здрава, но и добра за нашиот мозок .

Д-р Ума Најду е професорка на Харвард по нутриционистичка психијатрија , област на психијатрија која го проучува влијанието на храната врз нашиот мозок и менталното здравје. Врската помеѓу храната и функцијата на мозокот е одамна утврдена. Научниците, на пример, открија дека консумирањето овошје, зеленчук, цели зрна и незаситени масти помага да се спречи Алцхајмерова болест. Докажано е дека храната богата со антиоксиданси и со антиинфламаторни својства е корисна за здравјето на мозокот.


Значи, која храна е идеална за подобрување на меморијата и концентрацијата и зајакнување на нашите когнитивни способности? Д-р Најду понуди неколку нејзини предлози, а нејзиниот прв избор е темното чоколадо . Таа нè советува да купиме темно чоколадо со 70% какао, бидејќи антиоксидансите и флаванолите содржани во какаото ги штитат нашите мозочни клетки, додека влакната во оваа чоколада ја намалуваат појавата на воспаленија.

Следниот омилен на доктор Најду се бобинки бидејќи се богати со фитонутриенти, антиоксиданси и витамини. Конзумирањето различни видови бобинки исто така ги намалува симптомите на анксиозност и ризикот од деменција. Куркумата , тревно растение кое се користи како зачин и често дел од индиската кујна, наводно ги зачувува когнитивните функции кај постарите лица и ги одржува витални. Д-р Најду препорачува комбинирање на овој зачин со бибер, бидејќи тогаш има најдобри ефекти врз нашиот организам.


Следната ставка на листата на овој професор од Харвард сигурно нема да ве изненади. Се разбира, тоа е зелениот зеленчук. Кељот, спанаќот, зелката и другите слични зелени намирници содржат витамин Б, кој е многу важен за правилното функционирање на нашите невротрансмитери. Д-р Најду особено нагласува дека луѓето треба да се грижат за здравјето на нивните црева, бидејќи тие се многу важни за нашето целокупно чувство на благосостојба, поради што таа смета дека јогуртот мора да биде дел од вашата исхрана.

Здравата исхрана не е единственото нешто што ќе ви помогне да го одржите вашето ментално здравје и вашите когнитивни способности, но секако е неопходен елемент на холистички пристап кон здрав живот .

Извор: My Modern Met

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име