Во последните 20 години, благодарение на развојот на техниките за сликање на мозокот, можеме слободно да кажеме дека мозокот практично може да се „дизајнира“, а секој од нас е свој дизајнер.
- Вашите искуства, однесувања, мисли, навики, шеми на размислување и начини на реагирање на светот се директно поврзани со вашиот мозок. Со оглед на тоа, негативните навики го менуваат вашиот мозок на полошо, а позитивните на подобро – вели д-р Мајкл Марченик, еден од најпознатите научници од областа на неврологијата во светот.
Сите знаеме барем една личност која е постојано негативна, личност која никогаш не е задоволна со ништо. Негативните луѓе ретко се негативни во тишината и најчесто сакаат да ја „истураат“ својата негативност врз другите. Секако, сите сакаме да се жалиме за нешто од време на време, но некои од нас сакаат да го прават тоа повеќе од другите.
Таквите луѓе се поделени во три групи:
- Оние кои се жалат затоа што бараат внимание, овие луѓе секогаш мислат дека им е најтешко во животот.
- Хронични лелекачи, тие едноставно не знаат како да живеат поинаку освен постојано со вознемирени мисли и проблеми.
- Оние кои се жалат поради ниската емоционална интелигенција, таквите луѓе не ги интересира перспективата, мислите или чувствата на соговорникот, другите луѓе служат како излез за негативна енергија.
Можеме ли да го обвиниме мозокот за постојаното кукање?
Повеќето негативни луѓе не сакаат да се чувствуваат така, но сепак не можат ништо да променат. Но, штетното однесување, како постојаното жалење, ги менува мисловните процеси во мозокот, што доведува до целосно изменети мисли и промени во однесувањето. Имено, нашиот мозок има нешто што се нарекува „негативна пристрасност“, склоност на мозокот повеќе да се фокусира на негативните мисли.
- Негативните дразби создаваат повеќе нервна активност од подеднакво интензивно позитивните, тие се перципираат побрзо и полесно, а постојаното негативно размислување го затвора мозокот во магичен круг. Се разбира, не е можно да се биде среќен и позитивен секој ден. Сепак, секој од нас треба да направи нешто за да се спротивстави на негативното размислување. На пример, медитацијата е една од најмоќните алатки за борба против негативноста. Така, луѓето кои медитираат секојдневно покажуваат повеќе позитивни емоции, внимание и социјална поддршка од оние кои не медитираат – објасни д-р Марченик.