Дома Твој готвач Новогодишната трпеза не може да се замисли без овие 5 јадења

Новогодишната трпеза не може да се замисли без овие 5 јадења

1764
0

Ако планирате да ја дочекате Новата година во вашиот дом, сигурно ќе поминете извесно време во планирање мени за вашата новогодишна трпеза. Ви ги предлагаме овие јадења за кои сигурно ќе добиете многу комплименти.

Новогодишни елки од тесто

Некогаш сакаме да ја вклучиме и имагинацијата во приготвуњето на храната. Направете новогодишни елки од тесто кој одлично ќе се вклопат со празничниот амбиент на вашата трпеза. Подготовката е едноставна се што ви треба е стапчиња за раженчиња, тесто, пршута и зелени маслинки.

Руска салата

Без неа празничната трпеза е незамислива. Салатата е позната во многу земји, иако не секогаш под истото име. Во Македонија е позната како „руска салата“, додека во Русија се нарекува „Оливие“ или „француска салата“. Историјата за името на салатата ќе ви ја раскажаме друг пат. Таа симболира на хармонија, природа и добра среќа како и долговечност.

Свинско месо

Новогодишното мени е тешко да се замисли без свинско печење. Свинско месо традиционално се јаде за добредојде, бидејќи ова животно е симбол на среќа и финансиска благосостојба. Имено, во потрага по храна, свињите одат напред, што симболизира оптимистички поглед на Новата година.

Сарма

Какви би биле празниците без сарма?

Направете го нашиот традиционален рецепт кој е толку едноставен што не можете да погрешите со него! Нема ништо подобро од фината топла сарма со која служите кремасто пире и уживате во една од најдобрите страни на зимата.

Торта

Една кремаста, богата и убава торта со бел фил и крцкава кора од какао. Тортата, поради големото количество на шеќер кое го содржи, симболизира слатка година. Украсете ја со зелен венец.

На здравје!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име