Дома Здравје Никој несака да ја јаде оваа житарка, но е неверојатна за здравјето:...

Никој несака да ја јаде оваа житарка, но е неверојатна за здравјето: Го штити срцето, ги зајакнува коските, одлична е и за желудникот

322
0

Никој несака да ја јаде оваа житарка, но е неверојатна за здравјето: Го штити срцето, ги зајакнува коските, одлична е и за желудникот

Просото е дефинитивно уште една во низата запоставени намирници која поради своите својства може да се нарече супер храна

Непотребната желба да се откажеме од јадењата кои се сметаат за „сиромашни“ и да прифатиме некоја помодерна храна, нè натера да престанеме да јадеме просо. Ова е голема штета, со оглед на многуте предности што ни ги нуди оваа лесно сварлива житарка.

Просото е вид на зрно кое е тркалезно, многу ситно и на некои места малку сплескано. Има жолто-бела боја и има сладок вкус. Зрното просо се покрива со лушпа, која мора да се отстрани пред да се конзумира.

Таа е една од ретките житарки кои не содржат глутен, што е од големо значење, бидејќи многу луѓе се алергични на глутен, а добро е познато дека глутенот влијае на зголемување на телесната тежина и воопшто на дебелината. Содржи многу витамини и минерали како калциум, калиум, јод, магнезиум, витамини А, Е и Б, но содржи и железо и влакна, пишува Нови.ба.

Тоа е екстремно алкално (основно) зрно и знаеме дека вирусите, бактериите и другите зла што ги придружуваат тешко се создаваат кај алкализираните или основните организми.

Просото содржи клучни амино киселини кои помагаат во изградбата и регенерацијата на мускулите и клетките на кожата. Исто така, богат е со јаглехидрати кои полека се вари, па брзо ни дава чувство на ситост и го помага процесот на слабеење.

Оваа житарка содржи и природни масти, кои се клучни за апсорпцијата на витамините, вклучувајќи ги каротинот и витаминот Д.

Оваа житарка содржи јаглехидрати, па затоа е добар избор на храна за дијабетичарите.

Кардиолозите го препорачуваат како храна што треба да се јаде што почесто, бидејќи е полна со калиум, кој помага во борбата против срцевите заболувања, го нормализира крвниот притисок и ги зајакнува крвните садови.

Таа е една од најдобрите намирници за чистење на бубрезите, но и за појава на камења или песок во бубрезите. Во случај на уринарни инфекции делува позитивно и го поттикнува излачувањето на урината.

Направени се различни истражувања во врска со исхраната, а докажано е дека оние кои консумираат просо, во најголем број случаи немаат симптоми на астма или некакви индикации за тоа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име