Дома Здравје Не јадете брзо: Вашиот стомак „разбира“ дека до овој момент е полн

Не јадете брзо: Вашиот стомак „разбира“ дека до овој момент е полн

789
0

Не јадете брзо: Вашиот стомак „разбира“ дека до овој момент е полн

Добро џвакајте ја храната, телото ќе ви се заблагодари. Темелното џвакање храна има бројни придобивки за дигестивниот систем и усната шуплина

За време на паузата на работа, додека трчате по децата, во автомобилот… многумина од нас се навикнати на тој начин да ги јадат оброците. И тогаш храната повеќе се голта отколку што се џвака и се ужива. Здравствените експерти предупредуваат дека е исклучително важно да се џвака секој залак темелно.

Секој залак треба да се џвака што повеќе пати, по можност и до 30 пати, а за да си помогнете, првиот чекор е да седнете и да јадете во мир.

Истражувањата покажаа дека подолго џвакање храна го олеснува дигестивниот систем и помага на цревата.

Џвакањето е првиот чекор во варењето на храната и му помага на желудникот да ја обработи храната со разградување на поголемите честички од храната на помали. Џвакањето исто така го зголемува производството на плунка за да може да се проголта без да се иритира хранопроводникот. Ако храната не се џвака правилно, поголеми честички влегуваат во дигестивниот тракт предизвикувајќи дигестивни проблеми како гасови, надуеност, запек, главоболки и намалено ниво на енергија.

Додека ја џвакате храната, се создаваат повеќе ензими кои помагаат дополнително да се разградува храната за да се помогне варењето. Процесот на џвакање исто така го стимулира производството на хлороводородна киселина во желудникот, што дополнително го помага варењето преку регулирање на pH вредноста за да се зголеми нивото на киселост што помага во разградување на храната.

Џвакањето го зголемува производството на плунка која содржи епителен фактор на раст, полипептид кој го стимулира растот на епително ткиво. Џвакањето храна темелно го зголемува производството на овој EGF, хранејќи ги цревата.

Добро за усната шуплина

Кога џвакате тврда храна долго време, ги масирате непцата, што ја подобрува циркулацијата на крвта и ги одржува непцата здрави.

Експертите за дентална хигиена, исто така, велат дека интензивното џвакање може да спречи кариес бидејќи ја струга плаката и произведува повеќе плунка, која ги штити забите од киселини и содржи минерали кои ја одржуваат глеѓта силна и здрава.

Нутрициона вредност

Разградувањето на храната на помали честички значи дека на телото му е полесно да апсорбира повеќе хранливи материи од храната. Исто така, со подолго џвакање, ќе ви треба подолго време да го завршите оброкот.

Генерално, потребни се околу 20 минути за мозокот да му сигнализира на желудникот дека е полн. Значи, ако јадете побавно, помала е веројатноста да се прејадете.

Исто така, факт е дека вкусот подобро ќе го почувствувате ако темелно ја џвакате храната бидејќи жлездите во усната шуплина лачат повеќе плунка која ги „подмачкува“ рецепторите за вкус, правејќи ги вкусовите поинтензивни.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име