Дома Здравје Не можете да заспиете? Овие намирници би можеле да ви помогнат

Не можете да заспиете? Овие намирници би можеле да ви помогнат

800
0

Најмалку 30 проценти од населението има несоница во одреден период од нивниот живот.

Несоницата може да биде предизвикана од многу фактори, вклучувајќи анксиозност, депресија, апнеја при спиење, синдром на немирни нозе и лоши навики за спиење. За возврат, недостатокот на сон има и здравствени последици, а дури 10 отсто од населението се бори со хронична несоница.

Лошиот квалитет на сон ја влошува секоја хронична состојба, вклучително депресија, срцеви заболувања, висок крвен притисок и разни видови на рак, а некои експерти, исто така, укажуваат на врската помеѓу лишувањето од сон и дебелината.

Иако многумина прибегнуваат кон апчиња за спиење или средства за смирување за да се изборат со овој проблем, храната е исто така многу важен придружник во борбата против несоницата. Храната и хранливите состојки придонесуваат за секој телесен процес, и како што се советува да не пиеме кафе или премногу храна пред спиење, така и одредени намирници ни помагаат полесно да заспиеме.

Зелен, лиснат зеленчук, семки од тиква, банани, авокадо, грав и јаткасти плодови се храна богата со магнезиум, кој им помага на мускулите да се релаксираат и да предизвика поспаност. Недостатокот на магнезиум може да предизвика синдром на немирни нозе и грчеви во мускулите.

Размислете за путер од кикирики или хумус на тост од цело зрно или крекери, наут, обичен јогурт со неколку јаткасти плодови, јаболка и путер од кикирики, банани и млеко.

Јадете повеќе зелен лиснат зеленчук, како и протеини со малку маснотии како пилешко, мисирка, јајца, тофу и риба. Можете да пиете и шолја чај од камилица или сок од цреша!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име