Дома Uncategorized @mk Неодолив колач без јајца (рецепт)

Неодолив колач без јајца (рецепт)

1949
0

Кога ќе ви снема јајца во фрижидер и сакате да јадете нешто слатко, овај колач е вистинскиот избор бидејќи сигурно ги имате сите овие состојки дома.

Состојки:

Бисквит
250 мл јогурт
200 гр шеќер
300 гр брашно
120 мл сончогледово масло
30 гр какао
2 лажички сода бикарбона

Глазура
150 гр путер
150 гр темно чоколадо
100 гр шеќер
100 мл млеко
Подготовка

  1. Направете бисквит
    Загрејте ја рерната на 185 степени.

Во сад се ставаат јогуртот, брашното, шеќерот, маслото, какаото и содата бикарбона и се мешаат со електричен миксер 2 до 3 минути за да се добие мазна смеса.

  1. Печете
    Истурете го во плех со димензии 20 × 30 сантиметри кој сте го премачкале со малку масло и го посипавте со брашно за да не се залепи бисквитот.

Печете 20 до 25 минути.

  1. Истурете ја глазурата
    Растопете го путерот на пареа, а потоа додадете ја ситно сечканата чоколада и мешајте додека целосно не се растопи.

Додадете шеќер и млеко и матете со жица додека не добиете изедначена смеса.

Оладениот колач прелијте го со чоколадна глазура.

Извор:24sata

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име