Ви треба брз и лесен рецепт за колачиња што не чини премногу? Сигурно ќе ви се допадне оваа!
Најпопуларни се чоколадните топчиња за кои не е потребно печење, а оваа верзија на топчиња од кикирики е совршена – имаат полн и интензивен вкус, сочни се, се подготвуваат многу брзо и нема да можете да јадете премногу од нив.
Состојки:
200 грама мелени бисквити
100 милилитри вода
5 лажици масло
300 грама шеќер
130 грама омекнат маргарин
200 грама мелени несолени кикирики
100 грама темно чоколадо
кикирики за декорација, сечкани или крупно мелени
Подготовка:
Од шеќер и вода направете сируп од карамела, па тргнете го од оган и додадете маргарин, па мешајте додека маргаринот не се растопи.
Потоа додадете мелени кикиритки и бисквити и месете добро да се соединат, па покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер да отстои половина час.
Чоколадото со пет лажици масло растопете го на пареа.
Извадете ја смесата од фрижидер, па со чисти раце формирајте топчиња и секое потопете го во растопено чоколадо, па во сечкани или крупно мелени кикирики. Се редат во плех и на крај се враќаат во фрижидер.