Дома Здравје Неверојатната моќ на јајцата: Дали се подобар избор од месото

Неверојатната моќ на јајцата: Дали се подобар избор од месото

1003
0

Жолчките од јајце се полни со добри масти и содржат дури 18 корисни витамини
Постојат многу намирници за кои се верува дека се здрави и штетни за организмот во исто време.

На пример, вегетаријанците со урамнотежена исхрана ги добиваат своите протеини исклучиво од јајца. Од друга страна, јајцата со децении се поврзуваат со високо ниво на холестерол, па многу луѓе веруваат дека белките се всушност „златната средина“ и подобар избор од пржените јајца, кои содржат и жолчки.

Сепак, неодамнешните истражувања ни кажуваат дека холестеролот од јајцата всушност не го зголемува нивото на холестерол во крвта, а црвеното месо е на листата на штетна храна.

Кога станува збор за протеините и здравата исхрана, дали јајцата навистина се подобар избор од месото?

Има причина зошто некои луѓе јајцата ги нарекуваат совршена храна – со само 70 калории, јајцата се вистински хранливи бомби и еден од најдобрите извори на протеини што можеме да ги консумираме.

Секое јајце содржи околу 6 грама протеини, кои имаат поголема биолошка вредност од протеините од други извори. Со други зборови, не сите протеини се исти, а протеините што ги добиваме од јајцата најлесно ќе бидат синтетизирани и искористени од нашето тело.

Жолчките од јајце се полни со добри масти и содржат дури 18 корисни витамини, поради што се одличен извор на енергија. Јајцата исто така содржат голем број на антиоксиданси кои го штитат телото од разни болести, вклучувајќи, на пример, рак и хипертензија.

Жолчките од јајце содржат и каротеноид кој освен што им дава карактеристична боја, содржи и антиинфламаторни својства кои го штитат вашето тело од разни болести кои можат да се појават со возраста. Исто така, каротеноидот е одличен за здравјето на вашите очи.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име