На што може да укаже високото ниво на шеќер во урината?
Високото ниво на шеќер во урината може да предизвика компликации како што се инфекции на уринарниот тракт и габични инфекции. Дијабетичарите со високо ниво на шеќер во урината имаат поголема веројатност да развијат оштетување на бубрезите.
Високото ниво на шеќер во урината најчесто е знак за дијабетес и бубрежно заболување или последица на употреба на одредени лекови, а се забележува и кај жени во други состојби . Во нормални ситуации, има малку или нема гликоза (шеќер) во урината. Високото ниво на шеќер во урината се нарекува и гликозурија и укажува на присуство на гликоза во урината.
Високото ниво на шеќер во урината не е секогаш придружено со симптоми
Кај дијабетес, најчести се значително покачените концентрации на гликоза во крвта, состојбата се јавува, иако поретко, при намалена ресорпција на гликоза во бубрежните тубули кај бубрежниот дијабетес.
Високото ниво на гликоза во урината може да биде предизвикано од медицински состојби, генетска мутација, одредени лекови и бременост. Дури и кога високо ниво на шеќер во урината се должи на некоја болест, состојбата не мора секогаш да биде придружена со симптоми. Можно е понекогаш нарушувањето да се открие при рутински преглед.
Мокрење во текот на ноќта
Гликозуријата може да биде последица на високо ниво на шеќер во крвта – хипергликемија. Високо ниво на шеќер во урината е забележано и кај пациенти со предјабетес, кај дијабетес тип 2. Доколку дијабетесот е неконтролиран, нивото на шеќер во крвта е повисоко, а бубрезите не се во можност да го филтрираат целиот шеќер, па телото ослободува вишокот шеќер преку урината.
Во случај кога високото ниво на шеќер во урината е последица на зголеменото ниво на шеќер во крвта, пациентите се жалат на симптоми како што се силна жед, често мокрење, особено ноќе . Се јавуваат и симптоми типични за дијабетес, како што се замор, недостаток на енергија, чести инфекции и бавно зараснување на раните. Можни се проблеми со видот, необјаснето слабеење, вкочанетост во рацете и стапалата.
Кои се нормалните концентрации на гликоза во крвта?
Нормалната концентрација на гликоза во крвта е 3,75-6,0 mmol/L. Шеќерот влегува во урината кога нивото на гликоза е повисоко од 10 mmol/L. Лекарите предупредуваат и дека овој резултат е одраз на движењето на гликозата во периодот од претходното мокрење, а не на моменталната состојба на шеќерот во крвта.
Експертите препорачуваат да се мерат кетоните во урината кога шеќерот во крвта е 15 mmol/l при акутно заболување кај дијабетес тип 1, а кај дијабетес тип 2 во услови на појава на некоја друга акутна болест.