Дома Здравје На лицето на заболениот може да се забележи првиот симптом на ЗАМАСЕН...

На лицето на заболениот може да се забележи првиот симптом на ЗАМАСЕН ЦРН ДРОБ

910
0

На лицето на заболениот може да се забележи првиот симптом на ЗАМАСЕН ЦРН ДРОБ – Потењето и лошиот здив најлесно се препознаваат, но многумина ги игнорираат овие СИГНАЛИ на телото.

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото бидејќи е одговорен за чистење и детоксикација. Овој орган треба да биде под што помало оптоварување, а тоа ќе го постигнеме со пиење што повеќе течности и јадење разновидно овошје и зеленчук.

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото , одговорен за чистење на крвта, апсорпција на хранливи материи и производство на хемикалии кои овозможуваат нормални телесни процеси. Ако црниот дроб не функционира правилно, може да има сериозни, па дури и фатални последици по здравјето.

Па, како црниот дроб ќе ви каже дека не е добро? Според извештаите од Клиниката во Кливленд, задржувањето на водата во телото е најчест знак за заболување на црниот дроб. Најмалку 50 проценти од луѓето со цироза, најопасната форма на болеста, ќе ја доживеат кога оштетеното ткиво ќе го замени здравото. Задржувањето на водата може да се открие со отечени нозе и стомак.
Ова се случува кога црниот дроб повеќе не може да произведува албумин , протеин кој го спречува истекувањето на течност од крвните садови во ткивата.

ОВА СЕ ДРУГИ СИМПТОМИ КОИ МОЖЕ ДА УКАЖАТ НА БОЛЕСТ НА ЦРНИОТ ДРОБ
Жолтица , позната и како пожолтување на склерата или кожата. Настанува кога црниот дроб повеќе не е во состојба да произведува билирубин, природна хемикалија произведена од црвените крвни зрнца, па се акумулира во очите и на кожата. Ова е симптом на посериозно заболување на црниот дроб, а исто така може да доведе до откажување.

Крварење , предизвикано кога повреденото ткиво на црниот дроб спречува обработка на доволна количина на крв. Потоа крвта оди на места како дигестивниот тракт и хранопроводникот , па може да се случи да повраќате крв или да се појави во столицата.

Бледа столица, што може да укажува на тоа дека црниот дроб има проблеми со обработката на билирубин. Чешање на кожата, предизвикано од вишокот на сол (билирубин) што се акумулира под кожата.

Ако имате некој од овие симптоми, дефинитивно треба да се јавите кај вашиот лекар.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИ ЦРНИОТ ДРОБ
Цирозата може да се забави, но никогаш да не се прекине, па затоа е важно да се спречи состојбата. За да го заштитите здравјето на црниот дроб, вежбајте редовно, најмалку 30 минути дневно, јадете здраво и консумирајте алкохол умерено.


КАКО ЗНАЕТЕ ДЕКА ВАШИОТ ЦРН ДРОБ РАБОТИ БАВНО

Постојат неколку симптоми кои произлегуваат од бавното функционирање на црниот дроб

Замор често се јавува дури и со минимален физички напор
Постојат главоболки кои се манифестираат во задниот дел на окото
Болка во зглобовите и мускулите
Зголемено потење се јавува затоа што телото ги исфрла токсините кои црниот дроб не може да ги процесира
Проблемите со кожата во вид на акни и егзема се јавуваат затоа што има акумулација на токсични соединенија кои црниот дроб не ги обработил и ги исфрлил.
Често се борите со алергии бидејќи наидувате на токсини кои ги имате премногу во телото
Борба со запек или дијареа , која е придружена со болки во стомакот, како и надуеност
Се дебелеете иако не јадете многу
Проблеми со преработка на маснотии , особено по конзумирање на некоја мрсна храна и имате тешко варење
Не можете да се ослободите од лошиот здив!
Хормоналната нерамнотежа се јавува затоа што црниот дроб не може да го елиминира вишокот хормони
Потешко ви е да се концентрирате, а менталните задачи ви создаваат многу напор
Се чувствувате депресивно иако не сте биле изложени на траума или на некој настан што може да го предизвика
Се чувствувате вознемирени затоа што имате чувство дека нешто лошо ќе се случи
Горенаведените симптоми можат да бидат и симптоми на други болести, а за да се отстранат проблемите со црниот дроб, важно е да се посети лекар, како и да се јаде квалитетна храна секој ден.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име