Дома Нега и убавина На кои начини може да се ублажат симптомите на егзема

На кои начини може да се ублажат симптомите на егзема

1001
0

Оние кои страдале од егзема знаат колку може да бидат непријатни проблемите со кожата. За среќа, постојат чекори што може да се преземат за да се олесни оваа состојба.

Симптоми на атопичен дематитис или егзема се: чешање, сува, воспалена или иритирана кожа. Главно се манифестира на внатрешната страна на коленото, лактите и зглобовите. Се манифестира и на вратот и лицето. Почнува да се појавува во детството, иако може да се појави во секое време од животот на една личност. Децата кои страдаат од егзема имаат големи шанси да добијат астма.

Стандардниот медицински третман вклучува употреба на локален стероид крем. Овој антиинфламаторен крем ќе го намали чешањето и црвенилото, но тие можат да се вратат веднаш штом престанете да го користите. Познато е дека егземата е поврзана со слаб имунолошки систем. Овие три чекори можат да ја ублажат егземата:

Направете тест на крвта

Постојат два главни типа на имунолошки реакции на храна: алергија која се јавува веднаш (IgE реакција) и нетолеранција која се јавува по одреден временски период (IgG реакција).

Алергијата на храна е реакција од непосредна природа и воспалението на кожата најчесто се забележува веднаш по внесувањето на храна која е активирач. Нетолеранцијата на храна генерално е одложена. Може да поминат до 72 часа пред да се појави егзема на кожата.

Тестовите на крвта всушност го мерат количеството на антитела (IgE и IgG) што едно лице го создава како одговор на различни видови храна. Колку се повисоки нивоата на антитела, толку сте почувствителни на храна.

Елиминациската диета значи елиминација на најчестите намирници кои предизвикуваат егзема во период од 4 до 6 недели. После тоа во исхраната постепено се воведуваат „ризични“ намирници и патем се анализира која од нив лошо влијае на човекот. Најчести „ризични“ намирници се: млечни производи, јајца, глутен и соја.

Тестот за нетолеранција на храна може да се направи кај деца постари од две години, а присуството на алергии може да се тестира кај новороденчиња на возраст од 6 месеци и постари.


Третирајте го цревниот тракт

Додатокот на пробиотик помага да се воспостави здрава рамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии, што помага да се зајакне имунолошкиот систем. Поради оваа причина, бројни студии ги докажуваат придобивките од пробиотиците во лекувањето и спречувањето на егзема.

Омега-3 рибиното масло е антиинфламаторно по природа. Зголемувањето на внесот на риба и користењето омега-3 рибино масло може да помогне да се намали воспалението на цревата и кожата. Може да ги ублажи и симптомите на егзема.

Л-глутаминот е амино киселина која делува како „гориво“ за заздравување на оштетените цревни клетки.

Хидрирајте ја кожата

Купете природно кокосово масло или крем на база на мед манука и нанесувајте на проблематичните области два пати на ден.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име