Дома Интересно Најцврстиот материјал некогаш создаден

Најцврстиот материјал некогаш создаден

544
0

Американските научници со комбинирање на хром, кобалт и никел го создадоа најсилниот материјал на планетата.

Материјалот има неверојатни својства. Имено, тој е поотпорен на кршење од кој било друг материјал.

Неговото однесување на ниски температури е особено интересно. Имено, новата легура има исклучително висока јачина и растегливост, а овие својства се зголемуваат како што материјалот станува постуден, што укажува на интересен потенцијал за примена во екстремни криогени средини.

“Кога дизајнирате структурни материјали, сакате тие да бидат силни, но и да се растегнуваат и отпорни на кршење. Типично, тоа е компромис помеѓу овие својства, но овој материјал е и едното и другото. Наместо да стане кршлив на ниски температури, тој станува појак.” вели металургот Еасо Џорџ, од Одделението за напредна теорија и развој на легури при Националната лабораторија Оук Риџ на Универзитетот во Тенеси.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име