Дома Твој готвач Најубави јадења од тиква: Чисто задоволство за тело и душа! (РЕЦЕПТ)

Најубави јадења од тиква: Чисто задоволство за тело и душа! (РЕЦЕПТ)

985
0

Тиквата е одлична храна за сите оние кои се грижат за своето здравје, па како таква мора да се најде на трпезата на секоја домаќинка. Таа е главна храна на домородните Американци со векови а сега е на солените и слатки менија ширум светот.

Ова скапоцено растение со специфичен вкус и мирис има бројни лековити својства. Најмногу ја сакаат оние кои сакаат да изгубат вишок килограми, бидејќи тиквата содржи 90% вода, но многу минерали и витамини. Исто така содржи и многу растителни влакна и протеини.

Тиквата содржи каротин или провитамин А, витамини Ц и Б-групи – Б1, Б2, Б3, Б6, но и ниацин, фолна киселина. Витаминот Ц го намалува нивото на хистамин, додека цинкот и витамин А го зајакнуваат имунитетот. Исто така, го блокира создавањето на слободни радикали и на тој начин ги штити ДНК клетките од предвремено стареење и мутација, и се препорачува многу за луѓето кои имаат проблеми со желудникот и цревата. Повеќето од минералите се калиум, фосфор, калциум и железо, како и многу олиго и микроелементи.

Денес можете да најдете бројни рецепти за обични и необични слатки и солени јадења од тиква, но ние ја избираме традицијата и ви претставуваме два класични, но најубави јадења од тиква!

1. Пита од тиква:

Состојки:

500 гр готови кори за пита,

150 гр шеќер,

150 гр презла или бисквити,

100 мл масло,

400 гр рендана тиква,

2 кесични ванилин шеќер,

Цимет по желба во прав за посипување.

Подготовка:

Премачкајте ја кората со масло, покријте ја со друга, посипете ја со масло, а потоа наредете ја ренданата тиква, посипете ја со шеќер и бисквити или презла. По желба посипете со малку цимет. Завиткајте во ролна и наредете во плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката додека не се потроши материјалот.

Премачкајте ја питата со масло одозгора и печете ги на 180 степени околу 30-40 минути додека не добие убава златна боја. Исечете ја оладената пита и посипете ја со шеќер во прав и ванилин шеќер.

2. Крем од супа од тиква:

Состојки:

250 гр тиква,

3 моркови,

1 голем компир,

Oколу 750 мл супа по ваш избор (пилешко, зеленчук),

Неколку лажици масло,

Неколку лажици кисела павлака,

Половина мала главица кромид и бибер по вкус.

Подготовка:

Измијте, излупете и исечкајте ги тиквата, морковите, компирот и кромидот. Во подлабока тава испржете го кромидот на малку масло, а потоа додадете ги тиквата, компирот и морковите. Додадете ја зготвената супа и варете ги заедно сите состојки додека зеленчукот не стане целосно мек.

На крај сите состојки убаво испасирајте ги за да добиете убава кремаста текстура, па повторно ставете ја крем супата да зоврие. Можете да додадете павлака да се свари или да додадете лажица во чинијата при сервирање.

Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име