Дома Живот Најточниот љубовен хороскоп до 30 декември! На Близнаците им се допаѓа личност...

Најточниот љубовен хороскоп до 30 декември! На Близнаците им се допаѓа личност која носи униформа, а на Рибите им се допаѓа средба преку работа

7203
0

Најточниот љубовен хороскоп до 30 декември! На Близнаците им се допаѓа личност која носи униформа, а на Рибите им се допаѓа средба преку работа

Венера, планетата на љубовта, на 29 декември го менува знакот и влегува во огнениот Стрелец каде носи повеќе авантури, љубовни средби, но и заеднички патувања.

ОВЕН

Изгледа следната недела ќе имате, ако не добра, тогаш барем солидна среќа во љубовта. Поради ова, ќе се чувствувате оптимисти дури и ако ништо важно не се случи. Можна е позитивна комуникација со некој што ви се допаѓа и тоа ќе ви биде доволно.

БИК

Следната недела ќе имате среќа во се што е поврзано со љубовта. Без разлика дали сте слободни или во врска, нема да недостигаат позитивни настани. Доколку сте слободни, можете да запознаете некој со кој ќе најдете љубов, а доколку сте во врска, вашата врска ќе биде похармонична од порано.

БЛИЗНАЦИ

Треба да се подготвите бидејќи следната недела е период во кој може да имате проблеми во љубовниот живот. Ако сте слободни, можеби ќе ви се допадне некој што носи униформа, но ако сте во врска, ситуацијата нема да биде лесна.

РАК

Може да очекувате повисоко ниво на хармонија во односите од секаков вид. Претходниот период сигурно ви донел проблеми и нестабилност. Но, нема навестување дека ќе се случи нешто особено позитивно, па следната недела ќе биде блажено недраматична.

ЛАВ

Ќе ви биде лесно да најдете љубов на разни настани и места за забава, барем виртуелна, ако не и вистинска. Бидејќи опширно ќе крстарите со такви места, не би требало да имате проблем да најдете можност.

ДЕВИЦА

Периодот на нестабилност ќе заврши и од следната недела ќе имате впечаток дека „коцките дојдоа на свое место“ и дека можете на мир да уживате во она што го имате. Меѓутоа, доколку сте сами, следната недела не можете да се надевате на остварување на голема љубов.

ВАГА

Убавината секогаш ви е важна и постојано се трудите да изгледате најдобро. Во наредниот период тоа ќе биде уште поизразено и поради тоа ќе бидете уште попосакувани. Ќе блеснете каде и да се појавите.

СКОРПИЈА

Следната недела Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе биде во вашиот знак и ќе ви помогне во потрагата по љубов. Без разлика дали сте слободни или веќе имате партнер, вашиот љубовен живот ќе биде многу поубав, полн со настани, моменти на уживање и посреќен од порано.

СТРЕЛЕЦ

Во наредниот период ќе бидете уште пострасни и позаинтересирани за физичката компонента на љубовта. Може да испадне добро, но само ако не ги наметнувате своите желби на другите и ако ги почитувате желбите на партнерот.

ЈАРЕЦ

Ќе ви се раздени во наредниот период, бидејќи сте минале низ предизвикувачки моменти и не сте можеле да дочекате подобар период. Ќе бидете задоволни од позитивната промена во атмосферата и отсуството на напнатост во врската. Во вашата врска ќе владее добра волја.

ВОДОЛИЈА

Од следната недела ќе ве напуштат нервозата и неодлучноста, што позитивно ќе се одрази на вашиот љубовен живот. Ќе имате шанса да ги измазнете проблемите и да уживате во љубовта без мешање на околината.

РИБА

Во наредниот период повеќе ќе бидете фокусирани на работата отколку на љубовта, но може да запознаете некого на работа или преку работа. Ако не сретнете таква личност, тогаш најверојатно ништо нема да се случи, бидејќи нема да бидете насочени кон оваа сфера.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име