Дома Твој готвач Најлесниот рецепт за посни кроасани

Најлесниот рецепт за посни кроасани

1817
0

Посни кроасани, празни или полнети со посни состојќи се исто толку добри.

Состојки:

Тесто:

  • 500 гр брашно
  • 1,5 дл бело вино
  • 1,5 дл вода
  • 20 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 лажици масло
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1/2 прашок за пециво
  • Посен маргарин за премачкување

Полнење:

  • туна, ајвар или џем по желба

Подготовка:

Квасецот и шеќерот прелијте ги со 1/2 дл млака вода и оставете да нарасне.

Измешајте брашно, сол и прашок за пециво. Загрејте го виното и 1 дл вода за да стане млако.

Во садот во кој ќе се меси се става квасецот, се додава виното и водата и се меша. Постепено додавајте го брашното и замесете мазно тесто, кое не треба да стои.

Работната површина посипете ја со малку брашно, замесете тесто и поделете го на осум топчиња.

Секое топче разредете го во круг, премачкајте го со маргарин на собна температура, освен последното и наредете ги едно врз друго.

Премачканото тесто посипете го со брашно и разредете го во круг со дијаметар од околу 45 сантиметри.

Исечете на 16 еднакви делови, наполнете или оставете празно по желба, па свиткајте во ролна.

Се редат во плех обложен со хартија за печење, па се оставаат на топло 40-50 минути да нараснат.

Растопете малку маргарин, премачкајте пред печење и посипете со семки по желба.

Печете на 200 степени додека малку поруменат.

Добар апетит!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име