Дома Здравје НАЈЛЕКОВИТО РАСТЕНИЕ НА СВЕТОТ: Еве како се користи за закрепнување и зајакнување...

НАЈЛЕКОВИТО РАСТЕНИЕ НА СВЕТОТ: Еве како се користи за закрепнување и зајакнување на телото

1612
0

Глогот е толку лековито растение што околу него е создадена легенда за тоа како од ова растение е направена Христовата трнова круна.

Глогот со векови се користи за лекување на луѓе и животни, а колку е моќен покажува и фактот што е вклучен во магичните ритуали. Имено, постои верување дека Христовата круна т.е. круната од трње била направена од глог.

Како и да е, вистината е дека овошјето содржи голем број здравствени придобивки и со право го носи епитетот „ најлековито растение на светот “.

Глогот е „спас“ за срцето

Во книгите за хомеопатија стои дека глогот е вреден како лек за срцето и дека неговата тинктура е исклучително добра за спречување на срцев удар.

Ова растение е широко користено за одржување на здравјето на крвниот систем, во случај на висок крвен притисок, слабеење на срцевиот мускул и срцева аритмија. Се препорачува по срцев удар, бидејќи го зголемува протокот на крв во коронарните крвни садови.

Ја промовира активноста и подобрата исхрана на клетките на срцевиот мускул. Во принцип, секој над 50-годишна возраст треба повремено да зема тинктура од глог.


Покрај проблемите со срцето, глогот помага и кај други здравствени проблеми како што се:

  1. Замор, недостаток на енергија, лош сон, отежнато дишење, вртоглавица, палпитации, нервоза, тинитус.
  2. Глогот е растението кое има најсилно смирувачко дејство
  3. Помага во менопауза
  4. Помага при слабеење, бидејќи го исфрла вишокот вода од телото.
  5. Го зајакнува сврзното ткиво во зглобовите
  6. Ги смирува дигестивните проблеми

Плодовите од глог се берат наесен кога се светло црвени. Плодовите потоа се сушат, но можете и да ги сомелете, па да ги исушите и да ги користите за чај.


Како се подготвува чајот од глог?

Една кафена лажичка сечкано овошје од глог прелијте ја со 150 мл врела вода, поклопете го тенџерето и оставете да отстои 15-30 минути. Процедете и пијте три пати на ден.

Овој чај треба да го пијат луѓе кои чувствуваат притисок и гушење во пределот на срцето, за превенција од висок крвен притисок, како и за полесни облици на ослабено срце по заразни болести.

Деца под 12-годишна возраст, бремени жени и доилки никогаш не треба да пијат чај.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име