Наједноставно кажано, оптичка илузија е измама која ни ја приредуваат очите. Ни се присторува дека гледаме нешто што не е така во реалноста, или гледаме ист предмет на два потполно различни начини.
Зошто се случува ова? Затоа што видот не е само физички процес. Не е како фотографија. Видот е всушност умствено искуство. Со други зборви, не гледаме со очите, туку со мозокот. Очите се механички инструмент за восприемање на впечатоците. Кога сликите ќе пристигнат во мозокот, доаѓа до препознавање, мислење, расудување. Ќелиите на мозокот одлучуваат што претставува ликот, или сликата која ја гледаме.