Дома Твој готвач НАЈЗДРАВИ ПАЛАЧИНКИ СО САМО ДВЕ СОСТОЈКИ, ВООПШТО НЕ ДЕБЕЛЕАТ Можат да бидат...

НАЈЗДРАВИ ПАЛАЧИНКИ СО САМО ДВЕ СОСТОЈКИ, ВООПШТО НЕ ДЕБЕЛЕАТ Можат да бидат и солени и слатки

7
0

НАЈЗДРАВИ ПАЛАЧИНКИ СО САМО ДВЕ СОСТОЈКИ, ВООПШТО НЕ ДЕБЕЛЕАТ Можат да бидат и солени и слатки

Пробајте алтернативен рецепт за здрав и вкусен оброк, без брашно, масло и шеќер. Ќе уживате

Речиси и нема човек кој не сака палачинки, било слатки или солени! Се чини дека единствената лоша страна на палачинките е тоа што не се многу здрави, но и тоа не е секогаш случај. Важно е само да најдете алтернативен рецепт кој би го заменил белото брашно, маслото и шеќерот и ќе добиете здрав и вкусен оброк богат со минерали.

Главна состојка: киноа!

Дали ја вклучивте киноата во вашата исхрана?

Киноата е една од најздравите намирници без глутен што може да се најде во природата, а содржи огромен број хранливи материи. Содржи аминокиселина лизин, која му е неопходна на телото за правилен раст и развој и производство на енергија, како и протеини, витамини од групата Б, витамин Е, разни антиоксиданси, флаваноиди, а потоа и есенцијални минерали (вклучувајќи манган, магнезиум, железо, фосфор, калиум, калциум, цинк, бакар и селен) и многу растителни влакна – една чаша киноа има дури 21% од препорачаната дневна доза!

Во исто време киноата има низок гликемиски индекс, па затоа се препорачува за дијабетичари, а го намалува и холестеролот, помага во регулирање на крвниот притисок и одржување на телесната тежина. Има безброј начини да го искористите во исхраната, а палачинките се едни од омилените!

Се што ви треба се 200 грама киноа и 200 милилитри вода.

Киноата натопете ја ноќта пред или барем неколку часа пред подготовката. Потоа добро процедете го, ставете го во блендер и прелијте го со свежа вода. Блендирајте уште малку, додека не се соедини.

Намачкајте ја тавата со кокосово или маслиново масло (доволно е многу малку масло), потоа истурете една лажичка од смесата и пржете, превртувајќи еднаш, додека не порумени од двете страни, по три минути.

Послужете со слатки или солени преливи по желба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име