Дома Здравје Најздравиот зеленчук кој може да го подготвите на различни начини…

Најздравиот зеленчук кој може да го подготвите на различни начини…

730
0

Со брокула, решете ги здравствените проблеми и спречете болести!

Овој зеленчук содржи сè што ви треба, а позитивниот ефект врз организмот започнува од стомакот. Кога несварливите влакна од брокулата ќе достигнат до дебелото црево, добрите бактерии почнуваат да „гостуваат“ и создаваат масни киселини со краток ланец, објаснуваат експертите.

Благодарение на тоа, расте бројот на добри бактерии кои ги населуваат нашите црева, што значи и подобар имунитет. Покрај тоа, докажано е дека добра рамнотежа на овие бактерии е важна за нашето расположение и ментално здравје, како и за одржување на здрава телесна тежина.


Истражувањето спроведено на Медицинскиот факултет Харвард покажа дека стомачните проблеми и дигестивните проблеми можат да бидат активирачи на анксиозност и депресија „затоа што мозокот и гастроинтестиналните органи се неразделно поврзани“.


Нездравата храна може да ја влоши вашата ментална состојба, но јадењето храна што поттикнува развој на добри бактерии во цревата, како што е брокулата, го намалува ризикот од проблеми со менталното здравје.

Луѓето кои редовно јадат брокула, исто така имаат помал ризик од кардиоваскуларни заболувања, проблеми со видот, како и помал ризик од одредени видови на рак.


Сепак, за да го извлечете најдоброто од овој зеленчук, важно е да го припремите на пареа, или да го готвите многу кратко, во спротивно се намалуваат позитивните ефекти врз здравјето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име