Дома Здравје НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ Пушачите кои живеат до старост имаат една заедничка работа

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ Пушачите кои живеат до старост имаат една заедничка работа

349
0
3D Illustration of Human Respiratory System Lungs Anatomy

Научниците долго време ги проучувале пушачите и забележале дека имаат една заедничка работа
Сите пушачи знаат дека нивното здравје е загрозено поради нивната навика и дека ризикуваат рана смрт. Но, и покрај овој ризик, некои пушачи живеат долго.

Американските научници открија дека некои пушачи живеат до длабока старост иако пушат и за тоа можат да им се заблагодарат на гените.

Научниците долго време ги проучувале пушачите и забележале дека имаат една заедничка работа, а тоа се гените за долговечност.
Овие гени им овозможуваат да бидат поотпорни на штетните материи од цигарите, но и на другите загадувања околу нас воопшто. Оние кои имаат такви гени, исто така, имаат 11 отсто помали шанси да добијат некој вид на рак.

„Кај долговечните пушачи откривме голем број генетски маркери, кои се исти како маркерите кај луѓето кои живеат до старост и не се пушачи.

Тие гени работат на промовирање на побрзо обновување на клетките и промовирање на нивната подобра отпорност на голем број штетни фактори на кои луѓето се изложени, вклучувајќи го и пушењето“, вели научникот Морган Левин.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име