За време на жешките денови, бараме сенка, се криеме од сонцето, пиеме разладени пијалоци и се освежуваме на сите можни начини, а ноќе не можеме да заспиеме затоа што постојано се вртиме во потрага по разладен дел од креветот.
Ако имате клима уред, лесно е да се излади просторијата, но што ако нема клима уред во просторијата во која сте или е расипана?
Еве неколку совети како да се разладите во простории без климатизација:
- Повлечете ги завесите
За да избегнете затоплен стан, важно е да ги повлечете завесите во текот на утрото. Тие мора да бидат направени од платно, бидејќи синтетичките материјали лесно се загреваат, што во никој случај не придонесува за ладење.
- Отстранете ги теписите
Ако не сакате топлината да остане во вашиот стан, ослободете се од работите што собираат прашина како теписи и бројните перници на каучот. Ова ќе го прочисти воздухот и ќе го олади.
- Закачете влажен пешкир во близина на прозорецот
Кога ја проветрувате просторијата, закачете влажна крпа пред отворен прозорец. Ова ќе го забрза ладењето на просторијата. Отстранете ја крпата пред спиење бидејќи вишокот на влага ќе го засили чувството на топлина.
- Спијте на подот
Притоа, не сметаме дека треба да спиете директно на паркет или на плочки, туку да го преместите душекот на подот. Имено, топлиот воздух е полесен од ладниот, па затоа секогаш е постуден на пониските нивоа во просторијата.
- Набавете вентилатор
Вентилаторите се ефтини, не зафаќаат простор и се навистина солидна алтернатива ако немате клима уред.
- Направете свој клима уред
Ставете 2 шишиња замрзната вода пред вентилаторот. Воздухот што поминува од вентилаторот дополнително ќе ги олади замрзнатите шишиња. Променете ги на секои 3 до 4 часа.
- Изберете памук наместо свила
Заменете ги свилените, сатенските или синтетичките постелнини со постелнина од памук. Памукот добро ја апсорбира потта и ја лади кожата. Носете и памучни пижами или спијте голи!