Дома Твој готвач Направете традиционални баварски переци, омилено пециво во Германија

Направете традиционални баварски переци, омилено пециво во Германија

1477
0

Вистинските баварски переци се меѓу најпопуларните пецива, а Германија е горда на своите переци. Пекарската уметност е на висока цена во оваа земја и идните мајстори се наоѓаат уште пред да одат во средно училиште.

Во пекарите може да се купат безброј видови пецива, но понудата не може да се замисли без солени переци кои се баварски специјалитет. Дали сакате да се испробате во правење?

Потребни состојки:

500 гр брашно

270 мл млеко

50 гр путер

2 лажици сол

една лажица шеќер

1/3 коцка квасец

60 гр сода бикарбона

Измешајте ги сувите состојки освен содата бикарбона, па додадете ги млекото и квасецот. Добро измешајте ги состојките, па додадете го путерот. Тестото за ова пециво се меси осум минути. Потоа покријте го садот со влажна крпа и оставете го да отстои еден час.

Потоа тестото поделете го на осум еднакви делови од кои ќе ги обликувате переците, откако ќе ги обликувате оставете го тестото да нарасне уште 15 минути. Потоа растворете сода бикарбона во три литри вода и загрејте ја водата до вриење. Суровите переци потоа се потопуваат во овој раствор една минута, по што ги редите во плех обложен со хартија за печење и ги посипувате со крупна сол и сусам.

Потоа шереците ставете ги во рерна 20-25 минути, која мора да се загрее на 200 степени. Готовите переци најдобро се послужуваат топли со намази кои сте ги подготвиле претходно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име