Напиток кој може да ви помогне да се ослободите од напнатоста, стресот и нервозата
Освен што ја ублажува нервозата, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекција.
Полна е со антиоксиданси кои се неопходни за детоксикација и заштита на телото од оштетувања предизвикани од слободните радикали.
Сепак, за целите на детоксикација, се препорачува да се користат свежи листови од маточина бидејќи готвењето го намалува нивото на антиоксиданси. Искуството покажува дека маточината може да помогне и при горушица.
Важно е да се напомене дека не треба да претерувате со маточината, бидејќи може да предизвика контра ефект и да ја зголеми анксиозноста кога се зема во големи количини.
Како да направите чај од маточина:
Една лажица маточина прелијте со 200мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте во напитокот. Маточината има благ и пријатен вкус, а за дополнително задоволство можете да го засладите со малку мед.