Дома Твој готвач Наместо минерална, додајте ја оваа храна во палачинките и следниот ден ќе...

Наместо минерална, додајте ја оваа храна во палачинките и следниот ден ќе бидат исто толку меки

726
0

Наместо минерална, додајте ја оваа храна во палачинките и следниот ден ќе бидат исто толку меки

Палачинките брзо се прават и исчезнуваат исто толку брзо, но понекогаш остануваат уште неколку парчиња што би ги јаделе подоцна или би ги однеле на работа, на пример. И тука настанува главниот „проблем“ – кога ќе се изладат палачинките стануваат цврсти и невкусни.

Затоа ви пренесуваме неколку трикови кои ќе ги направат воздушести, меки и вкусни, исто како кога се свежо печени.

Главната тајна е во сода бикарбона – само мала количина ќе ви помогне да уживате во омиленото уживање следниот ден.

Уште еден трик со кој палачинките ќе бидат меки и свежи следниот ден е поврзан со садот во кој ќе ги чувате.

Состојки:

– 1 јајце

– 200 мл млеко

– 250 мл вода

– 200 грама брашно

прстофат сол

– 1/4 лажичка сода бикарбона

– 2 лажици масло

– масло за премачкување на тавата

Подготовка:

Измешајте ги сите течни состојки и додадете брашно, сол и сода бикарбона. Добро изматете ја смесата да нема грутчиња. На крајот додадете масло, па повторно измешајте сè.

Загрејте ја тавата за палачинки на максимална температура, па намалете ја малку. Печете ги палачинките, наредете ги една врз друга и обложете го садот со готовите палачинки. Така подолго ќе останат топли, а следниот ден ќе бидат исто толку меки и вкусни.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име