Дома Твој готвач Наместо брашно, валкајте ја рибата во ова: Ќе биде покрцкава и помалку...

Наместо брашно, валкајте ја рибата во ова: Ќе биде покрцкава и помалку мрсна

369
0

Наместо брашно, валкајте ја рибата во ова: Ќе биде покрцкава и помалку мрсна

Трикот за највкусната пржена риба

Пржената риба е вистинско уживање бидејќи нуди совршена комбинација на мека внатрешност и крцкава кожа. Иако таквата риба е многу вкусна, често се среќаваме со еден проблем: панирањето со брашно има тенденција да апсорбира премногу масло, што ја прави рибата мрсна и тешка.

А токму тоа ги одвраќа многумина почесто да подготвуваат пржена риба.

Зошто да подготвувате риба без брашно?

Подготовката на совршено крцкава риба може да биде предизвик. За време на пржењето, клучно е рибата да биде рамномерно сварена, но во исто време да остане сочна внатре. Многупати, панирањето со брашно не е најдобриот избор бидејќи впива многу масло, поради што рибата станува премногу мрсна.

Но, постои решение што професионалните готвачи често го користат за полесна, покрцкава текстура – а можеби сè уште не сте го пробале!

Решението лежи во пченкарен скроб

Овој метод им овозможува на рибата да не го апсорбира вишокот масло за време на пржењето, што обезбедува крцкава кора, но сепак леснотија на јадење. Со овој едноставен трик, вашата риба ќе биде поздрава, помалку мрсна и уште покрцкава.

Пченкарниот скроб создава заштитен слој околу рибата, овозможувајќи ѝ да ја задржи својата крцкавост додека спречува прекумерна апсорпција на масло.

Секое парче пржена риба потопете го во пченкарен скроб за целосно да се премачка, а потоа внимателно спуштете го во врелото масло. Пржете ја рибата до златно кафеава и крцкава, а потоа ставете ја на хартиена крпа да се исцеди вишокот масло.

Вака подготвената риба навистина ќе ве воодушеви со својата крцкава текстура и вкус, без да биде премногу мрсна.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име