Дома Здравје Наместо апчиња – вода и пост

Наместо апчиња – вода и пост

1623
0

Наместо апчиња – вода и пост

Заради долговечност, практикувајте редовно чистење на телото

Претседателот на белоруското друштво „Трезност“ Валентин Андреевич Толкачев има 82 години и е здрав и витален како млад човек! Сето тоа благодарение на тоа што е активен, практикува челикење и избегнува лоши навики. И, исто така, систематски го чисти телото. Еве што советува тој…

  1. Секое утро чистете го јазикот и добро исплакнете го носот со благ раствор на солена вода (секоја ноздра три пати). Таквата постапка е особено корисна во вечерните часови – ќе дишете без проблеми и главоболката ќе ви исчезне .
  2. Започнете и завршете го денот со чаша вода. Пијте до два и пол литри на ден . Прво исчистете ја водата од чешмата со филтер и можете да ја оставите во сребрен или силиконски сад . Или подгответе го вака : Наполнете го емајлираниот чајник со вода од чешмата и не покривајте го. Кога водата ќе побели и ќе се создадат мали меурчиња , набрзина истурете ја во чаша и покријте ја . Ставете ја чашата во тенџере под кое тече ладна вода .​ ​Пијте веднаш штом ќе се олади. За подобар ефект, додадете по една лажичка мед и сок од лимон.
  3. Практикувајте верски пост. За време на постот, радионуклидите и токсините се отстрануваат од телото и крвта се прочистува.
  4. Не го трујте телото со апчиња. Се разбира, во некои случаи , само медицината може да помогне. Но, целата таа хемија се задржува во црниот дроб или на ѕидовите на крвните садови.

Постои една анегдота за англискиот писател Бернард Шо: „Се разболев и отидов на лекар во . По прегледот ми препиша лек . Платив за преглед , бидејќи докторот мора да живее. Отидов во аптека. Јас го платив лекот , затоа што фармацевтот мора да живее. Одам дома и ја гледам урната… Го фрлив лекот, оти и јас треба да живеам. Затоа сменете го лекот за здрав начин на живот!“

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име