Дома Здравје Можни причини за болен и надуен стомак

Можни причини за болен и надуен стомак

1625
0

Надуениот и болен стомак е симптом кој погодува сè поголем број луѓе, особено жените.

Најчесто ваквите тегоби се резултат на лошата исхрана која го иритира цревата.

Сепак, постојат случаи кога лекарите не можат да најдат никаква физичка причина што доведува до надуеност и болка што ја придружува таквата состојба.

Во такви случаи најчесто се работи за стрес.

Забележано е дека надуеноста кај луѓе кои немаат физички причини доаѓа од психичка состојба.

Поточно, ваквите заболувања најчесто се јавуваат поради емоционална траума и стрес.

Постои врска помеѓу мозокот и стомакот.

Еден дел од мозокот е целосно задолжен за тој дел од човечкото тело.

Стомакот има свој невролошки систем, кој често се нарекува втор мозок, а ако личноста е под стрес или има други психолошки проблеми, сето тоа може да влијае на желудникот, велат научниците.

На сите оние кои имаат вакви проблеми, стручњаците им сугерираат редовно да прават вежби за релаксација и медитација и да практикуваат вежбање бидејќи тоа ќе помогне да се ослободи од стресот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име