Дома Здравје Многумина кои преживеале ковид го имаат овој необичен несакан ефект

Многумина кои преживеале ковид го имаат овој необичен несакан ефект

1367
0

Иако речиси две години се бориме со пандемијата, сè уште има голем број непознати последици, особено кога станува збор за долгорочните последици од надминување на болеста, која го доби и своето име – пост-Ковид.

Меѓу овие долгорочни последици често се споменува опаѓањето на косата, но и трепките, слабиот раст на брадата итн. Истражувањата на хоспитализирани пациенти покажаа дека ова е прилично чест несакан ефект, а некои се борат со него со месеци.

На Институтот за трихологија (гранка на дерматологија која ја проучува структурата и болестите на косата) во Велика Британија, дури 79 отсто од пациентите пријавиле зголемено опаѓање на косата по Ковид-19.

Експертите веруваат дека коронавирусот не влијае директно на опаѓањето на косата. „Губењето на косата по инфекцијата со Ковид-19 се јавува поради хиперактивна инфекција во телото. Воспалението, а не самиот вирус, предизвикува промени во косата бидејќи хемикалиите на телото соработуваат за да се борат против инфекцијата, така што лесно може да дојде до предвремено и прекумерно опаѓање на косата“, објаснува Алексис Јанг, дерматолог од Медицинскиот центар на Универзитетот Хакенсак.

Тој исто така додава дека опаѓањето на косата после секој стресен период е вообичаено, без разлика дали се работи за радосен настан како што е раѓањето на дете или стресен настан како што е голема операција.

Кога се јавува губење на косата?
Косата обично почнува да опаѓа два до три месеци по првичната инфекција со коронавирус или 50 до 60 дена по дијагнозата.

Тешко е да се каже колку долго може да трае, бидејќи варира од личност до личност, истакнуваат експертите. Но, забележале дека опаѓањето на косата може да трае и до 18 месеци по надминувањето на болеста.

Добрата вест е дека косата може целосно да расте, без никакви помагала или третмани.

Како си помагаш?
Секако, здравата исхрана и правилниот внес на витамини може да бидат многу важни за обновување на косата, но на прво место треба да се избегнува стресот.

Експертите истакнуваат дека нема докази дека популарниот витамин Б би помогнал косата побрзо да расте, но напомена дека се покажал како корисен, а може да се најде во месото, рибата, јаткастите плодови и зеленчукот како што се слаткиот компир и спанаќот.

Затоа, здравата исхрана и избегнувањето на стресот по секоја цена, сигурно ќе помогне во обновата на скалпот, пишува Yahoo.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име