Дома Здравје „МИР-19“- Рускиот лек против коронавирис влезе во третата фаза од клиничкото тестирање

„МИР-19“- Рускиот лек против коронавирис влезе во третата фаза од клиничкото тестирање

1149
0

Лекот не дозволува вирусот да се размножува и ги спречува најтешките форми на болеста…


Руското Министерство за здравство одобри Федералната медицинска и биолошка агенција (ФМБА) да ја изврши третата фаза од клиничкото тестирање на антиковид лекот Мир-19. Тестовите ќе се вршат во 11 медицински установи, а ќе учествуваат 1.274 пациенти, пренесува Танјуг.

Руското Министерство за здравство го регистрираше Мир-19 на 22 декември, а лекот беше развиен од руската ФМБА за лекување на инфекција со коронавирус.

Лекот не дозволува вирусот да се размножува и ги спречува најтешките форми на болеста, како што се пневмонија или акутен респираторен дистрес синдром. Во моментов, лекот се тестира само во болниците.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име