Дома Твој готвач Медењаци со чоколадо (рецепт)

Медењаци со чоколадо (рецепт)

1234
0

Задоволство во кое ќе уживате.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 60 гр мед
  • 600 гр брашно
  • 1 кесичка цимет
  • 250 гр шеќер во прав
  • лажичка сода бикарбона
  • 200 гр темно чоколадо

Подготовка:

Јајцата се матат, па се додаваат медот, шеќерот во прав, циметот и брашното. На крај додадете ја сода бикарбоната и замесете тесто.

Оставете го да отстои на ладно преку ноќ, па следниот ден направете помали топчиња, притиснете ги со дното на чаша и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Се печат во рерна загреана на 180 степени додека не добијат убава боја.

Кога ќе се изладат, прелијте ги со растопено чоколадо.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име