Ви пренесуваме едноставен рецепт за вашето омилено колаче – медени колачиња.
Состојки:
– 3 јајца
– 200 гр мед
– 500 гр интегрално брашно
– 200 гр шеќер
– 2 лажички сода бикарбона
– 3 лажици кисела павлака
– малку цимет
– 125 гр путер
Подготовка:
Сите состојки се замесуваат во компактно тесто и се остава да отстои тестото еден час.
Од тестото обликувајте топчиња, притиснете го малку меѓу дланките и ставете ги во плех посипен со брашно.
Печете 10 минути на 180 степени.