Најубавиот доручек или вечера….
Состојки:
2 чаши пченкарно брашно,
чаша пченично брашно,
3 чаши јогурти,
3 јајца,
200 мл масло,
една кафена лажичка сол,
кесичка прашок за пециво.
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и матете додека не добиете хомогена маса.
Се истура во подмачкани калапи и се пече во рерна 20 минути на 200 степени.
Проверете со чепкалка дали е готово пред да ја извадите од рерна.
Можете смесата да ја испечете и во подмачкан плех и да ја исечете на коцки.