Дома Нега и убавина МАСКА СО БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ КОЈА ГИ ЗАСТЕГНУВА БРЧКИТЕ ОКОЛУ ОЧИТЕ

МАСКА СО БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ КОЈА ГИ ЗАСТЕГНУВА БРЧКИТЕ ОКОЛУ ОЧИТЕ

3114
0

МАСКА СО БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ КОЈА ГИ ЗАСТЕГНУВА БРЧКИТЕ ОКОЛУ ОЧИТЕ

За пределот околу очите без брчки, само користете го овој едноставен производ од фрижидерот и ќе заборавите на стареењето и на она што го носат годините!

Стареењето предизвикува многу несакани промени во и на нашето тело. Најчесто првите промени кои ни ги носи возраста се појавуваат на лицето и пределот околу очите. Кожата на очните капаци и околу очите е тенка, нежна и постојано изложена на надворешни влијанија, стрес, недостаток на витамини и соодветен сон.

Постојат многу козметички средства за нега на кожата на очните капаци и на пределот околу очите воопшто, но најефективна беше онаа што ни ја подари самата природа. Користејќи маски на база на јајца, можете да ги намалите и избелите темните кругови и да ја направите кожата посвежа, поеластична и да ги измазнете фините линии. Ова е рецептот на нашите мајки и баби како мал трик за убавина!

Најлесен, но подеднакво ефикасен начин за подобрување на состојбата на кожата на очните капаци е да користите чиста белка од јајце!Потребен ви е само 1 белка и туфер. Белките нанесете ги на кожата околу очите. Чувајте ги капаците затворени и оставете ги белките целосно да се исушат. Измијте ја маската со ладна вода и уживајте во резултатот!
Рецептот, кој ви го пренесуваме во продолжение, ќе ви биде верен асистент во борбата против „брчките“ Во еднакви делови измешајте белки, јачменово брашно и мед. Добиената смеса нанесете ја на пределот околу очите и држете ја маската 20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Оваа маска ќе ви помогне да ги измазните брчките и да ја освежите кожата околу очите
Следната маска ќе ви помогне да ги отстраните отокот и брзо да се ослободите од темните кругови, како и да ги измазните фините линии.Потребни ви се: 2 разладени жолчки, 1 лажичка мед и 1 лажичка маслиново или кајсија масло. Сите состојки измешајте ги со миксер и брзо нанесете на пределот околу очите. Чувајте ја маската на лицето половина час, а потоа измијте ја со ладна вода и резултатот пријатно ќе ве изненади!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име