Ако бирате каде сакате да живеете – оваа земја веројатно нема да биде прва на вашата листа на желби.
Рамнотежата помеѓу деловните обврски и приватниот живот се повеќе се истакнува како важен фактор за животот, а тоа е основата на новото истражување кое дава листа на земји во кои луѓето работат најмалку, а живеат најдолго.
Параметрите кои се земаат предвид при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на одморот, процентот на жители кои имаат ненарушен ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа на испитаниците во секоја земја опфатена со истражувањето.
Според сите овие критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор колку се постари. Така, работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.
Австрија и Данска, кои се рангирани на второто и третото место, на работниците им даваат минимум 25 дена платен одмор годишно и погледнете ја топ 10 листата на земји чии жители очигледно најмногу уживаат во животот:
- Луксембург
- Австрија
- Данска
- Норвешка
- Финска
- Шведска
- Франција
- Белорусија
- Холандија
- Швајцарија
Велика Британија е рангирана на 17-тото место благодарение на разумното просечно работно време од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од половина од испитаниците исто така изјавиле дека во просек спиеле 7,5 часа навечер, што е добар резултат .
Интересно е што САД се на 87. место, меѓу другото и затоа што на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платени одмори, а дел од населението е незадоволно од квалитетот на ноќниот сон.
Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија се исклучително лошо рангирани, бидејќи во сите три земји просечната работна недела е 46 часа. Бидејќи работното време е подолго, би очекувале вработените да добијат повеќе слободно време. Но, тоа воопшто не е така, бидејќи во Кина добивате само 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.