Дома Здравје Магичен пијалок кој треба да се пие пред кафето

Магичен пијалок кој треба да се пие пред кафето

370
0

Магичен пијалок кој треба да се пие пред кафето
Иако здравствените ентузијасти долго време се залагаат за овој едноставен пијалок со две состојки за неговите хидратантни придобивки, многумина сè уште не се свесни за значителното влијание што може да го има.

Според нутриционистот, едноставниот пијалок нуди бројни здравствени придобивки и треба да биде вклучен во вашиот утрински ритуал, дури и ако вообичаено не сте љубител на топли напитоци.

Придобивките од водата со лимон

„Постои една работа што апсолутно секој треба да ја прави од моментот кога ќе се разбудиме наутро, а тоа е пиење вода бидејќи го хидрира вашето тело и го намалува крвниот притисок. Меѓутоа, доколку сакате да имате енергија и да се чувствувате добро, подгответе и пијте топла вода со лимон. Тој пијалок е магичен“, изјави нутриционистката Ешлин Кембриџ.

Здравствените придобивки од водата со лимон ја надминуваат само хидратацијата. Напитокот исто така го забрзува варењето, го зајакнува имунитетот и врши детоксикација. Кембриџ, исто така, ја истакна важноста на правилните ноќни навики за подобри утра.

Навики за „подобри утра“

Јадењето оброк и обидот да заспиете час или два после тоа може да предизвика проблем бидејќи вашето тело не може да ја вари храната и да се опорави во исто време. Сонот и варењето може да бидат засегнати, што може сериозно да влијае на вашето расположение.

Препорачувам да поминат најмалку три до четири часа после обилен оброк пред да заспиете“, заклучува нутриционистот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име