Дома Живот Лутината како најголема причина за дебелеење

Лутината како најголема причина за дебелеење

1067
0


Ако сакате да ослабете тогаш престанете да се лутите бидејќи тоа е една од емоционалните состојби која најмногу се поврзува со зголемување на телесната тежина. Една од причините е да барате утеха во храната кога некој ќе ви го расипе расположението, па во тој случај ниту физичките вежби не помагаат.


Според Bright Side, направени се неколку студии за поврзаноста на гневот и дебелината, а причината била книгата на мексиканскиот нутриционист Хуан Мануел Ромеро Вила наречена „Оној што се лути, се здебелува“.

Во таа книга, авторот изјавил дека гневот може да биде една од главните причини за дебелеење, што ја објаснува врската помеѓу емоциите и храната што луѓето ја консумираат, објаснувајќи го фактот дека дебелината секогаш е проследена со психолошки промени и дека ја откриле како начин да се потисне емоционалната болка.


На многумина не им е јасно каква врска навистина има гневот со вишокот килограми. Во практична смисла, кога човек ќе се налути, неговото тело почнува да лачи адреналин, но и кортизол хормони кои се ослободуваат како одговор на стресот, а од друга страна го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Овие хормони обично се произведуваат за време на вежбање, но се активираат и за време на лутина, а гликозата произведена од клетките е неупотреблива и се депонира како маснотии во телото.

Оваа книга е резултат на деценискиот раст на авторот, која содржи академски истражувања и негови сопствени искуства со пациентите. Тој открил дека многу од неговите пациенти со прекумерна тежина имале проблеми со контролирање на својот гнев, што дополнително ја докажало неговата теорија.

Секако, не може да се исклучи фактот дека прекумерната тежина може да биде резултат на внатрешни причини како што се метаболички синдром и хормонални, како што се проблеми со тироидната жлезда. Овие причини можат да бидат и надворешни по природа, како што се лошите навики во исхраната или недостатокот на вежбање. Со сето тоа, гневот е само уште еден елемент кој ја влошува моменталната ситуација.


Негативните емоции како лутина, тага или анксиозност можат многу да влијаат на начинот на кој се храниме и во многу случаи да станат причина за прекумерно зголемување на телесната тежина. Овие емоции се канализираат преку храната која станува несвесна заштита од лоши емоционални состојби.

Свесноста за вашите навики во исхраната е клучна за губење на тежината, па можете да ги откриете и факторите кои предизвикуваат прејадување и консумирање нездрава храна.

Некои од советите можеби се да размислите дали навистина сакате да јадете нездрава храна, пред автоматски да ја јадете. Исто така, бидете свесни за вашите емоции и обидете се да ја замените желбата за храна во случај на лутина со некое покорисно хоби.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име