Дома Здравје Лошата циркулација, студените раце и стапала може да бидат показател за сериозен...

Лошата циркулација, студените раце и стапала може да бидат показател за сериозен проблем

1536
0

Хормоналната нерамнотежа може да биде навистина комплицирана бидејќи знаците и симптомите може да бидат невообичаени или екстремно благи, што го отежнува да се препознае за што всушност се работи.

Обично одат во група и никогаш не е само еден симптом. Следењето на нормалната функција на вашето тело е всушност најдобриот рецепт кој го покажува балансот на вашите хормони. Студените раце или стапала исто така може да бидат показател дека имате проблем.

Поточно – може да имате проблеми со тироидната жлезда. Вашата тироидна жлезда е како еден вид батерија на вашето тело која ја одредува брзината со која вашето тело согорува гориво.

Му кажува на вашето тело да ги отвори мастите и да го запали горивото, оди до сите клетки и им кажува како да го користат горивото за да функционираат, така што во моментот кога ќе престане да функционира нормално – телото не знае што да прави.

Во овој случај, може да се движите побавно, да се чувствувате уморни и да имате слаба циркулација.

Секако, доколку имате слаба циркулација тоа можеби не е моментален хормонален проблем, но доколку имате и низа други проблеми како што се замор, анксиозност, опаѓање на косата или проблеми со спиењето, можеби е време да посетите лекар.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име