Брз и лесен ручек за летните денови…
Состојки:
- 2 конзерви туна
- 1 поголем краставица
- 3 лажици сецкан копар
- 500 мл павлака со помал процент на маснотии
- 1 стапче целер
- 3 млад кромид
- сол, бибер
- лисја од зелена салата
Подготовка:
Исцедете ја туната, па ставете ја во поголем сад.
Исчистете го, измијте го и исечкајте го целиот зеленчук на помали коцки, ситно исечкајте го копарот и ставете го во сад.
Ситно исецкајте го кромидот.
Додадете сол и бибер по желба и на крај додадете павлака, измешајте сè добро.
Ставете лисја од зелена салата на чинија, ставете салата врз нив и послужете со тост леб.
Прочитај повеќе:
Салата од туна ако брзате, подгответе здрав и вкусен оброк за само 15 минути…
Еве какво влијание има туната врз здравјето