Дома Твој готвач Лепчиња од тавче

Лепчиња од тавче

887
0

Меки лепчиња во чиј вкус ќе уживате.

Состојки:

– 520 гр брашно

– 250 гр јогурт

– 150 мл млака вода

– 100 мл масло

– 1 јајце

– 1 кесичка квасец

– сол

Подготовка:

Направете го тестото така што ќе го измешате брашното со сите останати состојки и убаво измешајте за се убаво да се соедини. Покријте и оставете на топло место 30 минути.

Додека тестото нарасне, подгответе поголема тава и кухинска крпа. Расукајте го тестото на уште малку брашно. Направете доволно за да не се залепи, па поделете го на 10 до 15 дела.

Секој од нив обликувајте топче и ставете го на кујнска крпа да нарасне покриено уште 15 минути.

Потоа со рацете формирајте лепињи.

Загрејте тава со многу малку масло на умерена температура и пржете ги лепчињата додека убаво да поруменат од двете страни.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име