Дома Здравје Лековити својства на варено вино…

Лековити својства на варено вино…

711
0

Вареното вино традиционално се пие во есен и зима, најмногу за време на празниците.Тоа е вкусен пијалок чија традиција на приготвување доаѓа од Северна Европа, оживува со својата топлина и ве тера да мечтаете.

Вареното вино многу добро влијае на здравјето. Научно е докажано дека го штити срцето и крвните садови. Исто така, помага да се спречи воспаление во телото и делува ако имате висок крвен притисок.

Доколку подготвувате варено вино по правилен рецепт, можете да го користите за ублажување на симптомите на настинка. Една од придобивките на варено вино која ретко се споменува е тоа што може да ви помогне доколку имате бавен метаболизам.

Лековит состав на варено вино

Виното се состои од над 600 различни хемиски соединенија. Се добива со ферментација на сок, главно од грозје. Постои цела наука за овој опоен пијалок наречен енологија.

Вареното вино како лек има добра репутација главно поради полифенолите. Тоа се хемиски соединенија со исклучително антиоксидативно дејство кои се многукратно корисни за нашиот организам.

Поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем и го зајакнуваат срцето и крвните садови. Исто така, тие ја поддржуваат циркулацијата на крвта низ мозокот и ја подобруваат меморијата.

Се препорачува да се пие умерено, по можност само една чаша дневно.

Полифенолите го регулираат и нивото на гликоза во крвта, па затоа конзумирањето се препорачува и за лицата со дијабетес. Флавоноидите од виното го штитат срцето и крвните садови, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, но и нивото на лошиот холестерол во крвта.

Исто така, ризикот од згрутчување на крвта е намален. Овој чудесен сок од грозје има способност да ја разредува крвта.

Ресвератролот што го содржи има антиканцерогено дејство. Го спречува растот на клетките на туморот и делува превентивно за појава на малигни заболувања. Особено се препорачува кога станува збор за рак на јајниците.

Истражувањата покажаа дека шансите да се разболите се намалуваат за дури 50 проценти. Содржи и витамини А, Б и Ц и дури 13 минерали. И важно е да се напомене дека витаминот Б од виното не исчезнува со стареењето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име