Дома Здравје Лекарите советуваат: што да правите кога ќе се изгорите?

Лекарите советуваат: што да правите кога ќе се изгорите?

1105
0

Многупати сме доживеале непријатна повреда додека готвиме ручек или пегламе, која потоа не измачува со денови. Симптомите може да се ублажат ако повредениот дел од кожата брзо се олади.

Искусните хирурзи советуваат како мерка за прва помош повредениот дел од кожата да се чува под млаз ладна вода. Се препорачува постапката да трае околу 20 минути. Така ќе го изладите воспалениот дел од кожата и ќе спречите изгореницата да се прошири на подлабоките слоеви.

Ладна вода не се препорачува во секоја ситуација. Кога овој вид на повреда ќе се појави кај дете, млаз ладна вода во текот на подолг временски период може да предизвика настинка. Лекарите советуваат детето веднаш по траумата да остане во топла средина. Потоа се пристапува кон ладење на малата изгореница.

Доколку се појават плускавци или промена на бојата по прва помош, консултирајте се со лекар. Ако изгореницата е потешка, веднаш повикајте брза помош.

По третманот во медицинска установа, повредениот дел од кожата мора да биде покриен со стерилна газа. Изгорениците, кои не ги оштетиле подлабоките слоеви, заздравуваат за седум до 10 дена, пишува Гардијан.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име