Дома Твој готвач Леб со пиво: Највкусен и свеж до неколку дена

Леб со пиво: Највкусен и свеж до неколку дена

5406
0


Наједноставниот рецепт за леб со пиво, кој е највкусен, а ви требаат само неколку минути за да го замесите.


Состојки:

(за 8 лица)

  • 500 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 кафена лажичка сол
  • 30 гр шеќер
  • 280 мл пиво
  • 2 јајца

Подготовка:

Брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот добро измешајте ги.

Додадете пиво, јајца и замесете тесто.

Обликувајте го во леб и ставете го во подмачкан плех со димензии 30 × 10 сантиметри.

Тестото се пече на 180 степени околу еден час.

Извадете го печениот леб и оставете го да се излади.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име