Дома Живот Лаги кои секоја жена барем еднаш во животот ги слушнала од маж

Лаги кои секоја жена барем еднаш во животот ги слушнала од маж

629
0

Дури и најчесните мажи понекогаш дозволуваат да излажат лага. Не се премногу лути лагите, туку типичните мали секојдневни кои секоја жена барем еднаш во животот ги слушнала од мажите.

Во продолжение погледнете ги најчестите бели лаги што ги кажуваат мажите.

  1. „Не ја ни погледнав“.

Да, добро разбравте, погледна во една минувачка жена. Исто како што жените гледаат на згоден дечко.

  1. „Ќе ги мијам садовите наутро, сега не“.

Во 99 проценти од случаите споменатите садови ќе ве чекаат повторно следното утро – неизмиени.

  1. „Ми се допаѓаат сите твои пријатели и пријателки“.

Невозможно. На стартот сите ги рангираме пријателите, бидејќи веќе по првата средба со нив многу добро знаеме кој од нив ни се допаѓа повеќе, а кој помалку.

  1. „Тие фармерки убаво ви изгледаат“.

Искрените мажи кои вредат да ги понесете во шопинг се навистина реткост. Повеќето ќе дадат комплименти за нов моден избор без воопшто да го погледнат.

  1. „Те слушам“.

Само замолете го да ги повтори последните две реченици што ги кажавте.

  1. „Не го имав мобилниот со мене“.

Мобилниот телефон најверојатно цело време му бил во џебот, но едноставно не сакал да зборува, што е сосема легитимна причина да го игнорира повикот.

  1. „Никогаш не би те излажал“.

Сите лажеме. Се разбира, тоа се обично оние мали бели лаги кои не играат голема улога во градењето доверба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име