Може да се користи како предјадење, појадок или вечера, подготвена за кратко време, толку богата што ќе ви се допадне од првиот залак…
Солени колачи, салати , пијалоци , пршута … Тешко е да им одолеете.
Совршената комбинација од шунка, павлака, краставици и варени јајца му дава посебен вкус. Лесно се прави, не одзема многу време, а најважно е многу богата и вкусна, поради што многу домаќинки ја прават често.
Па, да преминеме на рецептот и состојките што ви се потребни:
2 пакувања тост леб
500 гр павлака
500 гр мајонез
100 гр кечап
600 гр шунка
300 гр кашкавал
15 кисели краставички
10 варени јајца
Подготовка :
Секое парче тост леб исечете го наоколу, односно отстранете ја кората од него. Лесно измешајте ги павлаката и мајонезот во сад. Поделете го тост лебот така што ќе имате три реда.
Првиот ред:
Наредете го тост лебот на голем плех од електричен шпорет и одозгора намачкајте ја смесата со мајонез и павлака. Одозгора се ставаат варени јајца исечкани на прстени, а врз јајцата кисели краставици (може да се сечкаат ситно или да се исечат на мали парчиња).
Втор ред:
Од едната, а од другата тост леб потопете го во смесата од мајонез и павлака, па наредете ги врз краставиците. Одозгора наредете ја шунката исечкана на тенки парчиња, а одозгора намачкајте со кечап.
Трет ред:
Испечениот леб потопете го од двете страни во смесата од мајонез и павлака, па ставете го преку кечапот. Кашкавалот изрендајте го на поситно ренде над тостот и декорирајте по желба.
Забелешка:
Солената торта најдобро се прави ден пред послужување, бидејќи на тостот му треба време убаво да ја впие течноста и да биде мек без да се распаѓа.