Дома Твој готвач Коцки чоколадо и путер од кикирики готови за 10 минути

Коцки чоколадо и путер од кикирики готови за 10 минути

1390
0

Коцки чоколадо и путер од кикирики готови за 10 минути

За овој рецепт не ви е потребна рерна! Овие коцки чоколадо и путер од кикирики се готови брзо, а уште побрзо исчезнуваат од трпезата! Имаме одличен рецепт!

За подготовка на овој десерт ќе ви бидат потребни само 5 состојки . Коцките чоколадо и путер од кикирики се совршена закуска за сите оние кои имаат сладок заб.

Откако ќе ги соберете состојките, ќе бидат потребни само околу 10 минути за да се подготви. И најдоброто од се е што не мора да ја вклучувате рерната! Откако ќе се обликуваат, треба да отстојат еден час, а потоа се спремни за послужување!

СОСТОЈКИ:

путер 230 гр

путер од кикирики 250 гр

шеќер во прав 240 гр

бисквити 240 гр

чоколадо за готвење 250 гр

путер од кикирики 65 гр

ПОСТАПКА

За првиот слој: Обложете плех со мрсна хартија. Во поголем сад измешајте ги растопениот путер и путерот од кикирики и измешајте додека убаво не се соедини.

Додадете шеќер во прав и продолжете со мешањето додека целосно не се соединат сите состојки.

Полека додавајте мелени бисквити по желба.

Добиената смеса ставете ја во подготвениот плех, рамномерно распоредете ја и лесно притиснете надолу.

За чоколаден прелив: Додајте чоколадни чипови и путер од кикирики во сад што е безбеден за микробранова печка. Ставете го во микробранова печка 20 секунди, потоа извадете го и промешајте, па вратете го 20 секунди. Колку пати ќе треба да повторите зависи од јачината на микробрановата печка и нејзиниот начин на работа. На крајот треба да добиете мазна смеса.

Растопеното чоколадо прелијте го врз слојот. Раширете го рамномерно да ги покрие сите делови.

Оставете го колачот да се излади барем еден час. Кога ќе стане цврсто, исечете го на коцки или во формата што ја сакате и уживајте во нив!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име